Изгледа како обична слика, неверојатно е со што е „нацртана“

Роден со тешка  церебрална парализа, Пол Смит треба да се потпира на други да го хранат, облекуваат и искапат. Неговиот говор е тешко разбирлив, дури и од оние кои го познаваат добро.

Движењата на рацете се толку конвулсивни што кога се обидува да игра шах, не успева да ја придвижи фигура, без да турка барем неколку соседни. И сепак Пол е ненадминат не само како шахист, туку и како творец – уметник кој што не може да држи во раката ниту молив ниту четка.

Човечката жед за самоизразување и побарувачката на разбирање од другите е исклучително моќен мотор за Пол, кој открива во почетокот на дваесеттиот век една од најмодерните комуникациски технологии на времето во кое живее – машина за пишување, за да го надомести недостатокот на умешност.

Како и сите деца со тешка попреченост, и Пол не одел на училиште, па соодветно останува неписмен, но за сметка на тоа наоѓа друг начин да ја користи машина за пишување – сликајќи слики со буквите и симболите.

Можете да ги видите уникатните  слики, изработени на машина за пишување.

Да, токму така, не грешите … овие слики се направени само со помош на машина за пишување!

Погледнете го видеото за неговиот живот, на следниот ЛИНК.

f965a637b040fde6a02f0f31cfd45ab2 f29a0f00785c2d74e33113881d7a69de cc7e9b733aba8d3195d702f9eba1c6f9 29383823c797c124afdc22a73f8869db 555e3ec494be6d476c3b8428a7a4595c 38ff2cda9bb6cee5bd667d407d5e3077 8e0ae847c4ce61442933074da85e84c2 7d4bbd5535a27fb6bc19d1e0071c10e1 7c6d357dd6564f0f26afd7c4eb48356a

- Реклама -