Џиновски скалила во кои можете да живеете

Mercedes House е триесет катна станбена зграда која во моментов се гради во Њујорк. Оваа идеја на Ten Arquitectos, би требало да биде завршена и отворена до крајот на летово. Дизајнот со S-скалилата овозможува природно осветлување на сите 865 станови.

Со прекрасен поглед на Реката Хадсон, градини на покривот и нормално салон на Мерцедес се дел од работите кои треба да привлечат станари. Но живеењето во оваа градба не е за секого. Почетната кирија на стан со една спална соба е 3000 долари месечно.

- Реклама -