Погледнете кои се најдобрите чаеви, според крвните групи

Чајот е напиток кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути.

Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај.

Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis .[2] Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Во продолжение можете да видите неколку комбинации за чаеви, според крвната група.

КРВНА ГРУПА 0

Лицата кои имаат крвна група 0 се „месари“ и би требало да одбегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро поднесуваат стресни ситуации, ги мачи желудечна киселина. Чаевите кои се препорачуваат за лицата со крвна група 0 се на база од ѓумбир, гинсег, зелен чај Сенча и чај Мате.

-Идеален избор на чаеви за нив е мешавината Сенча, гинсенг и ѓумбир, а наместо кафе чајот Мате или чист јапонски зелен чај Сенча- пишува Самовар.

chaj2

КРВНА ГРУПА А

Тоа се многу емотивни и аналитични лица со изразена склоност кон стрес, поради што имаат трајно високи вредности на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за растителна храна, медитација и јога ќе ја надополнат со секојдневно пиење на соодветен чај. Чаевите за лица со крвна група А се тајванскиот зелен чај Gunpowder, чај од јасмин, комбинација од сребрен јасмин и зелен чај Ying Hao, и машавина од ајдучка трева, невен и мајчина душица.

КРВНА ГРУПА Б

Лицата со крвна група Б најчесто имаат спор метаболизам, склони се кон автоимуни заболувања, дебелеење, летаргија, хроничен умор и неуреден сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, на прво место Ешерихија коли. Би требало да пијат врвен млад зелен чај, органски зелен или црвен руибос без додатоци, ханејбаш, и имуно-мешавина од бозел, руибос, жалфија и маточина.

chaj1

КРВНА ГРУПА АБ

Припадниците на оваа крвна група се интуитивни, не се склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај и сродни препарати, мента, божур, сандаловина и напитоци од ориз. Идеален избор чаеви за нив е природниот жолт чај, врвен зелен чај и мента со пржен ориз. За мажите со крвна група АБ посебно се препорачува мешавина од коприва, мента, катаубе и руибос.

/nmd

- Реклама -