Што е повалкано – кујната или бањата?

„Најчесто е побезбедно да направите салата во тоалетот отколку во кујната“ вели доктор Чарлс Герба, микробиолог и професор од Универзитетот од Аризона во Тусон. „Луѓето постојано вршат дезинфекција во тоалетот без да сфатат трека треба да внимаваат и во кујната.“

Од 1973 доктор Герба ги проичува скриените бактерии во домовите. Ова се неговите топ пет највалкани места во којната и совети за нивно темелно чистење.

1. Сунгери и крпи

„Направивме анализа собирајќи 1000 сунгери и крпи од кујна и околу 10 проценти од нив содржеа салмонела. Тие се навлажнуваат и остануваат влажни па бактериите се размножуваат како луди. Најголемиот брод на штетни бактерии во просечен дом се на сунгер или крпа.“

Совет: „Менувајте ги крпите секоја недела и ставете го сунгерот во микробранова на најсилно околу 30 секунди.“

2. Лавабо

„Има повеќе Ешреихија Коли во кујнското Лавабо отколку во ВЦ шолјата по пуштање вода. Лавабото е одлично место за раст и развој на Е. Коли бидејќи е влажно. Бактериите се хранат со храната која паѓа во одводот и останува на чиниите оставен во лавабото. Најверојатно затоа кучињата пијат вода од ВЦ шолјата – таму има помалку Е. Коли.“

Совет: „Чистете го лавабото со производ кој врши дезинфекција и е наменет за кујната. Оцетот и сокот од лимон можат да исчистат дел од бактериите, но не можат да ги отстранат големите и опасни патогени.“

3. Штица за сечкање

„Во повеќето случаи, побезбедно е да направите салата на капакот од ВЦ шолјата отколку на штица за сечкање. На просечната штица има 200 пати повеќе бактерии од живо месо отколку на капакот од ВЦ шолјата. Повеќето луѓе само ги исплакнуваат штиците, но живото месо остава салмонела и кампилобактер.“ Втората бактерија, која може да се добие од јадење живо месо, е една од најчестите причини за болести пренесувани преку храна.

Совет: „Користете една штица за месо и друга за зеленчик, за да не дојде до мешање на бактерии. Штиците можат да бидат чистени со кујнски дезинфектант или да бидат ставени во машина за миење садови.“ А дали е подобро да се користи дрвена или пластична штица: „Препорачувавме користење на пластични штици, но од друга страна пак дрвото има антимикробиални смоли, па нема јасен одговор.“

4. Дното на фрижидерот

„Кај фрижидерите, најдолната полица има најмногу бактерии бидејќи најмногу влага и кондензација се слива од полиците над неа. Луѓето често баш таму оставаат свежи производи (овошје и зеленчук) а на погорните полици оставаат месо за одмрзнување.“

Совет: „Бришете ја најдолната полица секои две до три недели со кијнски дезинфектант. За да избегнете контаминација ставајте го живото месо на дното од фрижидерот а свежите производи во фиока на страна од сè друго.“

5. Кујнски работни површини

„Кујнските работни површини се највалкани во близина на лавабото бидејќи за нивно бришње се користи истиот сунгер или крпа (кои најчесто содржат Е. Коли и други бактерии. Сунгерите и крпите само ги шират бактериите преку сите површини.“

Совет: „Користете кујнски дезинфектант и за крај исушете ја работната површина со хартија. Хартијата е идеална бидејќи собира многу влага и бактерии а по користењето се фрла во ѓубрето.“ [Which is dirtier: Your kitchen or your toilet seat?]

- Реклама -