Кратко видео кое открива како работи Start менито на Windows 9

Microsoft го претстави новото Start мени порано оваа година , но благодарение на последните настани од вчера, во кои го видовме “Windows 9” , сега може да се каже дека знаеме за голем дел од плановите на компанијата, односно за враќањето на оваа популарна функција.

Денес имаме за вас видео од германскиот сајт WinFuture . Тоа е долго две минути и покажува како работи Start менито во следната верзија на Windows.

Новото Start мени се состои од два дела: еден за листата на традиционалните апликации во познатиот лев дел на прозорецот, како и нов дел на десната страна, кој првенствено се состои од напредни апликации. Во исто време, десниот дел може да се вовлекува, за да се направи пат да се влезе во File Explorer.

- Реклама -