Конечно се случи: Apple ги претстави iPhone 6 и iPhone 6 Plus

Во рамките на специјалниот долгоочекуван настан   Apple ги претстави своите  два нови модели Smartphones – iPhone 6 и iPhone 6 Plus.

И двата се значително поголеми од iPhone 5S – односно 4.7 и 5.5 инчи – и располагаат со т.н. Retina дисплеј. Освен тоа се извонредно тенки – iPhone 6 е едвај 6,9 мм, додека 6 Plus – 7.1 мм.

Импресивен е фактот дека резолуцијата на iPhone 6 Plus е 1920 x 1080 – со други зборови Full HD. Овој на 6 пак е 1334 x 750. Тоа дека iPhone 6 Plus има поголем дисплеј, значи дека можеме да очекуваме и различен интерфејс. Кога е во хоризонтална положба, ќе гледаме два прозорци, слични на таблетот iPad. Кај него дури основниот екран може да ја промени ориентацијата на копчињата во хоризонтална положба, што веќе сме виделе кај Android. Како што укажаа бројните  гласини телефоните имаат режим за ракување со една рака – тој се активира со двојно притискање на централното копче, при што целиот интерфејс се намалува надолу за полесно постигнување со една рака на горниот дел.

iphone6-2

Новите апарати на Apple користат чип A8. Тој е 64-битен, изработен е по 20-нанометри технологија и има 2 милијарди транзистори. Она што го разликува од претходниот A7 е дека е за 13 проценти помал, но истовремено – со 20 проценти побрз процесор и со 50 проценти побрз графички акцелератор. Додаден е и копроцесорот М8 од следната генерација, кој е наменет за фитнес апликации. Тој ја одредува автоматски активноста на потребите – на ример дали оди или вози велосипед. Благодарение на вградениот барометар пак дури мери се растојанието и искачувањето.

Максималната брзина сепак е 150 Mbps, а не 300 Mbps, како што беа типувањата. Главната камера има резолуција 8МР со големина на пиксел 1,5 микрони и е комбинирана со f / 2,2 оптика. Додаден е и двоен блиц со различна температура на боја за постигнување на природни бои.Системот за автоматско фокусирање користи фазна детекција, што гарантира два пати побрзо фокусирање во споредба со iPhone 5s. Компанијата има вклучен режим за панорами, способен да создаде 43МР фотографии кои се обработени од посебен DSP чип. iPhone 6 има дигитална стабилизација на сликата, но iPhone 6 Plus нуди оптичка.

Што се однесува до новиот оперативен систем iOS 8 – тој ќе биде пуштен за симнување на 17 септември.

- Реклама -