Како да научите да правите iOS 8 апликации за само 79 долари

Медиумската компанија од областа на технологијата, The New Web, објави одличен курс за почетници кои сакаат да го следат iOS 8 развојот, како и да учат нови начини за креирање апликации.

Курсот е погоден за почетници и истиот вклучува 350 видеа и 36,5 корисни часови со содржина која се потпира на тоа како најдобро да се разбере iOS 8, Xcode и Swift програмскиот јазик на Apple. Како бонус, сите што ќе го земат овој курс, добиваат и пристап до претходниот кој беше наменет за iOS 7.

Сите што ќе ги нарачаат часовите денеска, имаат можност да ги купат за 79 долари, што е 92% пониско од официјалната цена. Пристапот до курсот ќе биде достапен веднаш откако Apple ќе го направи оперативниот систем достапен за јавноста, а тоа се очекува да биде кон средината на септември.

Денеска е одлична прилика за сите заинтересирани кои часовите можат да ги нарачаат за многу пониска цена, а истото можат да го направат на овој ЛИНК.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -