Како бајка: Подземен град откриен во Турција

Неверојатно археолошко откритие се случило кога сега веќе во дамнешната 1963 година во Турција, еден жител на Кападокија решил да ја реновира својата куќа и во таа прилика открил вистинско подземно чудо.

Жителот на Кападокија, денес Деринкујуа, го срушил ѕидот во подрумот на својата куќа и зад него пронашол нешто неверојатно.

Podzemni grad 3

Најпрво забележал тунел низ кој се протегал премин кој водел кон повеќе простории, и така, на сосема случаен начин го открил најголемиот подземен град во Турција, закопан 85 метри под земја.

Овој необичен град претставува вистинско ремек дело на архитектурата, со оглед на тоа што низ него тече питка вода, има вентилациски систем, одвоени станови, продавници, бунари, па дури и гробишта.

Podzemni grad 5

Проценето е дека овој град бил создаден во 17 или 18 век пред новата ера и дека во него можеле да живеат околу 50.000 жители, што е навистина фасцинантно. Тој на своите жители им пружал одлична заштита од летните горештини, додека во зимите ги штител од ладното време.

Ова не е единствено археолошко откритие од ваков тип во Турција. Во неговата близина биле откриени речиси 200 други подземни градови од кои најмалку 40 имаат и по три нивоа под земја.

Podzemni grad 2

- Реклама -