Од машки агол: Избор на вистински обувки

Кога последен пат сте го измериле своето стапало, за да одберете големина на обувки, која што ќе ви одговара?

Доколку обувките или патиките не се удобни на самиот почеток, немојте да верувате во приказните дека ќе се „рашират“ бидејќи веројатно и нема. Обувките можеби можат да рашират само маалку, но што се однесува до должината не го очекувајте тоа. На крајот на краиштата, кондурите мораат да бидат удобни исто колку што е потребно да ви се допадне нивниот изглед.

Еве 5 совети што ќе ви помогнат при изборот:

1. Носете исти тип на чорапи, кои што планирате да ги носите со нив. Доколку копувате елегантни обувки, дебелите памучни чорапи не доаѓаат во предвид.

2. Ширината е често важна колку и должината, погрижете се кондурите да ви одговара во секоја смисла.

3. Копувајте обувки на крајот на работниот ден.

4. Доколку ви се допаднале кондури што ви се големи, обидете се во нив да ставите уште една влошка.

5. Доколку имате стапала со различна големина, изберете обувки што ви одговараат според поголемото.

- Реклама -