365.com.mk – Календар

kalendar

kalendar2

 

Добредојдовте! По едномесечно тестирање (благодарност до сите оние кои го тестираа 365 Календарот), на барање на многумина, Ви го претставуваме – 365.com.mk Календар!

 

kalendar_logoШто е 365 Календар?

 

365 Календарот е замислен како алатка со која ќе можете да пронајдете нешто што се случува денес, утре, задутре или пак во текот на тековниот месец и тоа низ цела Македонија! А најголемата убавина е во тоа што секој може да го уредува! Буквално!

 

 

Како функционира?

Многу едноставно! Кликнете на 365 Календар во главното мени, кликнете на денот за кој сакате да видите некој настан, и готови сте! Календарот ќе ви ги прикаже сите настани за тој ден.

 

 

kategorii

Кликнете на сликата за поголема верзија
 

Секако, поради тоа што можеби ќе има многу, од долу имате категории по кои можете да ги филтрирате резултатите. Концерт? Нема проблем! Опера или балет? Секако! Журкаааааааааа! Да! Само кликнете на Категоријата и ќе ви бидат прикажани само тие настани.

 

pregledi

Кликнете на сликата за поголема верзија
 

Сакате да ги прегледате настаните оваа недела? Кликнете во горното мени на 365 Календарот на Неделен преглед и ќе ви бидат прикажани сите настани за таа недела! Кликнете на Дневен Преглед и ќе ги видите сите настани за тековниот ден.

 

prebaraj
Можете и да пребарате со обични зборови. Пробајте со Е-банка.

 

 

Знам една радио емисија, се вика Балканска Е-банка. Како да ја додадам во настаните?

 

dodadi_nastan



Едноставно! Ако застанете врз некој датум. ќе забележите дека во десниот горен агол се појавува едно малечко знакче +. Кликнете на плусот. Ќе ви се отвори прозорот за внесување на настан

dodadi_ekran



Кликнете на сликата за поголема верзија

 


Во Наслов внесувате наслов за настанот. Пример Балканска Е-банка


 


Во Опис внесувате опис. На пример: Емисија на Сити Радио (94.7) со Викса, Јохан и Докторот. Секој понеделник и вторник.


 


Во Категорија ја избирате категоријата. Во овој случаj Радио


 


Во Датум на настанот го избирате датумот и почетокот на настанот. Во овој случај: 15 Maj, 2006 во 00:00 часот


 

Во Траење го избираме траењето на настанот. Во овој случај пишуваме: 0 денови, 2 часови, 26 минути

 

Во Информација за контактот внесуваме информација за лицето за контакт (Име, Презиме). Ако сте на пример организаторот на овој настан, внесете ги Вашите податоци. Подолу внесете го вашиот e-mail и Интернет адресата на која што корисницте би можеле да добијат повеќе информации околу овој настан. Во нашиот случај внесуваме само во полето Интернет адреса: http://www.ebanka.com.mk

 


Овој настан се повторува секој понеделник, затоа кликаме на знакчето ПЛУС во Повторувачки настан. Во Метода на повторување одбираме Повтори секоја 1 Недела. Поради тоа што овој настан ќе се емитува уште неодредено време, одбираме Нема краен датум. Ако настанот траеше, на пример до 20 Јуни, 2007, ова го одбираме во Повторувај до.


 

Згодно е да оставите и слика за поубаво да го прикажете настанот. Ако е филм, би можеле да ставите некоја слика од филмот, ако е некоја емисија на телевизија, оставете лого од телевизијата.  Ова може да го направите ако во полето Слика одберете некоја фотографија (преку Choose)

 

Потоа кликнете на Додади Настан и готови сте!

Календарот ќе испрати информација до Администраторите, кои по многу кратко време ќе го одобрат настанот. Ова е само заради филтрирање на непристојни содржини. Нема да бидат филтрирани настаните, така да слободно оставајте што ќе ви текне

 

Зошто ова?


Во недостаток на било каков квалитетен Информатор
за настаните ширум Македонија, екипата на 365.com.mk се одлучи на својот портал да постави досега невиден Календар на овие простори. Календар без ажурирање, календар уредуван од обични луѓе, со кои било кој пишан или телевизиски медиум не би имал никаква шанса кога се во прашање информациите. Едноставно, нема, ниту пак ќе има, доволно добра екипа која би знаела дека вечерва, на пример во Битола, има жива свирка на некој локален бенд а во исто време да знае дека во Скопје има перформанс на некој уметник. Затоа сте тука Вие, да ни помогнете. Ќе потрошите само неколку минути за да внесете некој настан, но на илјадници ќе им заштедите многу време.

 

Ако сте компанија, културна институција, ТВ или Радио медиум, слободно додате се што ќе посакате во врска со вашите емисии, манифестации или концерти. Ако сте кино или театар, додате ја вашата месечна програма. Ако не го ажурирате Календарот, можеби конкуренцијата ќе го ажурира.

 

365.com.mk, како водечки иноватор на Македонскиот Интернет, верува во тоа дека иднината на информациите е во луѓето, а не во медиумите.

Веруваме дека ќе помогнете да го направиме овој Календар единственото нешто што ќе му биде потребно на било кого, да најде информација за било што, било кога.

Најсрдечно,

365.com.mk – Интелигентен портал

 

kalendar_logo

 Кликнете овде за 365 Календар

- Реклама -