Маж засади илјадници дрвја од 1979 година

По течението на реката Брамапутра во североисточниот дел на Индија се наоѓа островот Маџули – кој е најголемиот речен остров на светот и на него живеат над 150 000 луѓе.

За да ја разубави прекрасната природа, шумскиот работник Џадав Пајенг се посветил на неверојатна мисија – од 1979 година тој периодично засадил илјади дрвја на островот.

Во моментов Џадав веќе е „таткото” на вистинска шума која што е погуста од онаа во прочуениот Централ парк во Њујорк. Неговото дело конечно стекна огромна популарност во светот и Индиецот дури стана херој на документарен филм за неговата мисија.

Прочитај повеќе: Човекот кој ја победи пустината (Видео)

- Реклама -