Брилијантен изум го задржува пивото студено и во најжешките летни денови

Лето е, топло е, па ништо не освежува толку добро како студено пиво.

Но можете ли да го задржите на посакуваната температура?  Благодарение на новиот изум тоа е сосема можно, а пенливата течност ќе остане ладна и во најголемата жештина.

Beer Freeze е  чаша што самата се лади, бидејќи во неа има посебен разладувачки гел и гумена изолација, која ја чува нејзината содржина студена.  Иако е направена за фановите на пивото, чашата спокојно може да се користи и за други ладни пијалоци, погодни за летните горештини како безалкохолни, свежо цедени сокови и др.

Цената на Beer Freeze е 17 фунти.

- Реклама -