3 моќни трикови кои ќе ги стопат масните наслаги

Брзото одење ќе ја забрза работата на срцето, ќе го раздвижи метаболизмот и ќе ги стопи масните наслаги на критичните места. Пешачете половина час секој ден и со овие совети за правилно вежбање насобраните калории ќе ги истрошите веднаш.

Совет бр. 1

Брзо одете 13 минути (за да знаете дали навистина се движите брзо, почувствувајте дали забрзано ви чука срцето). Потоа, стопирајте го пешачењето со двеминутни чучњеви кои ќе го „шокираат“ организмот (наместо нив, за време на паузата можете и да прескокнувате јаже). Откако ќе завршите, продолжете да чекорите и понатаму во брз ритам.

Совет бр. 2

Брзото одење ќе ви биде значително полесно доколку на вас носите соодветни и удобни патики. Направете го овој тест при купувањето: превиткајте ги патиките на половина, а подоцна и од едната на другата страна. Доколку ѓонот е тврд, не ги купувајте, барем не доколку ви се потребни за вежбање.

Совет бр. 3

Исправете се. Калориите побрзо ќе ги согорите доколку одите во правилна положба. Главата треба да ви биде исправена, рамената спуштени, а рацете ставени така да сочинуваат совршен лак од 80 степени. Потрудете се при чекорењето да ги движите повеќе колковите, а што помалку горниот дел од телото.

Стапалата пак треба да ви бидат рамни. Чекорењето започнете го со петите, па потоа пефрлете ја тежината кон прстите.

- Реклама -