Suzuki развива седан и компактен кросовер

Јапонскиот автопроизводител Suzuki објави дека ќе претстави на претстојниот салон во Москва два прототипи.

Тоа се доработени верзии на досега прикажани пред тоа концептни модели, на кои им претстои да излезат и во сериско производство.

Едниот од моделите е концептниот кросовер iV-4, кој го видовме во есента минатата година во Франкфурт. Сега возилото ќе се нуди со многу повеќе можности за персонализација, овозможувајќи му на сопственикот да постави возило спрема своите барања и начинот на живот. Буквата „i“ во моделот значи индивидуалност (Individuality), V – автомобил (Vehicle), а „четворката“ е за погон на сите четири тркала (Four wheel drive). Димензиите на концептот се должина 4.215 mm, ширина 1.850 mm, висина 1.665 mm, и меѓуоскино растојание од 2.500 mm. Сериската верзија на кросоверот треба да им конкурира на модели како Nissan Juke, Opel Mokka, Renault Captur и Peugeot 2008.

Втората премиера ќе биде на компактниот седан CIAZ, кој исто така беше прикажан претходно оваа година на салонот во Њу Делхи (Индија). Таму на есен ќе ја видиме и сериската опција, која на локалниот пазар ќе се продава под брендот Maruti. Моделот ќе се нуди и во Европа, а за него се подготвени 1.4 и 1.6 литарски бензински и дизел мотори.

- Реклама -