Како изгледаат автомобилите во детските фантазии?

Осмиот конкурс на Toyota, наречен Dream Car Art Contest, веќе е во тек.

Во трката се поканети да учествуваат деца од сите краишта на светот. Тие треба да ги споделат своите идеи за иднината, со тоа што ги цртаат  возилата од своите соништа. Финалистите добиваат можност да ги видат своите идеи во реална димензија, со помош на 3D копии.

Погледнете како, според децата-финалисти ќе изгледаат автомобилите на иднината:

Ама Тајн 11 години, Хаваи

1

Овој автомобил гради куќи со неверојатна брзина.

Среќен превоз, Ајша Фатах, 15 години, Саудиска Арабија

2

Ова возило е изработено од обоени автомобили што возат кон автобуската станица, каде што се комбинираат за да формираат еден автобус.

Голтање пластика, Самит Сингагет, 10 години, Јужна Африка

4

Овој автомобил ја апсорбира секоја непотребна пластика и ја претвора во „градежни блокови” кои можат да се користат за станбени цели.

Дијпак Кумар, 14 години, Катар

5

Автомобилот е дизајниран да се управува во влажна атмосфера и да собира вода. Испарувачот во колата прави роса од влажен воздух, која се собира и може да се користи за наводнување, како и вода за пиење по пречистување.

Камера,  Лорен Парк, 14 години, САД

6

Овој автомобил има една неверојатна карактеристика – тој им ги враќа прекрасните спомени на луѓето.

- Реклама -