Nokia пушта во продажба телефон за 19 евра

Новиот модел oд телефоните на  Nokia ќе се продава за 19 евра, односно нешто помалку од 1.200 денари. Телефонот ќе се појави во продавниците кон крајот на септември и ќе биде достапен во црна, црвена или бела боја.

Nokia 130 ќе располага со 1.8-инчен екран со резолуција 160 x 128 пиксели.

Од Nokia се обложуваат на најважното – јавување, СМС музички и видео плеер и се разбира – светилка. Батеријата на Nokia 130 е многу издржлива, бидејќи може да издржи до 36 дена во стенд-бај режим.

Телефонот најпрво ќе биде пуштен во продажба во Кина, Египет, Индија, Индонезија, Кенија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Виетнам.

- Реклама -