Секс за една ноќ – да или не?

Сексот за една ноќ погребува политички кариери и „напојува” бројни медиуми.

Тој е разговаран и осудуван, речиси од сите. Но во ред ли е сет тој гнев насочен кон  мажите и жените кои што бараат случаен секс. И што се крие зад нормите на сексуалниот морал?

Строгите моралисти веќе „ја скршија чашата“  пред да ги прочитаат следните редови. И така – случајните сексуални врски се корисни од психолошка гледна точка. Иако не за сите,  барем за оние кои што го сметаат случајниот секс за дозволен.

Луѓето склони на расипливи сексуални односи, покажуваат психолошка благосостојба. До овој заклучок стигнале научниците од универзитетот во Њујорк, пишува Social Psychological and Personality Science. Истата студија содржи и спротивен заклучок: Случајниот секс е штетен од психолошка гледна точка, ако е извршен од луѓе склони да ги осудуваат сексуалната разкрепостеност и падот на моралот.

Односно користа или штетата од случаен секс зависат од тоа како ние самите се однесуваме кон него. А луѓето почесто го осудуваат.

Во што се вкоренети причините на осудувањето на случајните сексуални односи?

Без разлика на полот, возраста или религиозните предрасуди како  неприфатлив случајниот секс го пронаоѓале оние луѓе кои што веруваат  дека материјалната зависност на жената од мажот е нешто природно. При тоа овие луѓе ги осудуваат во еднаква мера како жените, така и мажите склони кон случајни врски.

Научниците претпоставуваат дека објаснувањето на овој факт се крие во еволутивната психологија. Во продолжение на една подолга фаза од развојот на човештвото сексот бил тесно поврзан со потребата од зачувување и распределбата на материјалните ресурси. И жената која „криви” од вистинскиот пат ризикува  да остане без средства за егзистенција, а детето родено од таа врска да биде едноставно осудено.

Кај мажите ситуацијата исто така била проблематична, бидејќи се создавале уште усти за хранење. При тоа без да има гаранција дека овие “грла” се токму негови.

За ова сексуалниот морал е диктиран од потребата за опстанок и продолжување на родот и зачувувањето на неговите ресурси.

Денес ситуацијата е радикално поинаква. Жените можат да заработуваат, а генетските анализи го решаваат прашањето за татковството.

Навидум веќе нема причина да се осудува случаен секс. Тогаш зошто ние, или барем мнозина од нас продолжуваат да ставаат груби и навредливи етикети на неговите практикувачи? Бидејќи човечката психа се менува многу бавно и не успева да се носи со брзите социјални промени и научно-техничкиот напредок.

Можеби по 500 години случајниот секс ќе стане нешто сосема нормално. Ако до тогаш човечката еволуција не понуди некое друго изненадување.

Никој не вели дека треба да го практикувате, напротив ако се одлучите за негова примена задолжително истражете ги сите опции на сексуална заштита и вашата психичка состојба да се сносите со емоциите по чинот, но осудата е излишна. Секој го прави она што го сака, освен ако со тоа  директно и свесно не му наштетува некому…

- Реклама -