Мода за мажи: Летни маици со принт

Дизајнерите преку интересни слики и букви праќаат различни пораки, така што секој може да го пронајде својот модел по вкус.
Ова лето е во знакот на бојата, дезенот и принтот. Дизајнерите преку интересни слики праќаат различни пораки, така што секој може да го пронајде својот модел по вкус.

Принтот најмногу се истакнува на маиците кои доминираат оваа сезона, во голем број колекции а на мажите им се омилени, бидејќи можат да ги носат по различни поводи и лесно се вклопуваат во дневната и вечерна комбинација.

Дизајните од лесни, летни материјали, се многу пријатни за носење, дури и на високи темепреатури. Можат да се најдат во сите бои, пастелни и неутрални нијанси. Актуелен е како дискретниот, така и впечатливиот принт, а модерни се и модедли со спротивставена игра на боите.

- Реклама -