Предците на пингвините биле повисоки од луѓето?

Аргентински научници откриле фосили, кои што покажуваат дека во антиката Земјата била населена од гигантски пингвини.

Две коски, фрагмент од крило и нога, беа пронајдени на островот Сијмур, недалеку од Антарктикот. Откритието е направено од екипа на аргентинскиот Музеј во Ла Плата, предводен од Каролина Акоста. Тие им овозможија на специјалистите да состават полн портрет на видот Palaeeudyptes klekowskii.

Научниците откриле дека по височина  пингвините  достигнуваат  повеќе од 2 метри – од прстите до клунот. Тежината на птиците била околу 115 килограми. За споредба: висината на најголемите пингвини во денешницата – царскиот е 1,36 метри, а тежината не надминува 46 килограма. Списанието „Њу сајнтист” истакнува дека истражувачите и пред ова наоѓале коски на пингвини од видот Palaeeudyptes klekowskii .

Експертите сепак нешто не знаеле за нив, освен дека ја населувале нашата планета пред околу 40 милиони години. Каролина Акоста раскажува  дека тоа било неверојатно време кога од 10 до 14 вида пингвини живееле крај бреговите на Антартикот.Благодарение на димензиите  P. klekowskii можеле да се нурнат подлабоко и да остануваат подолго време под вода, за да ловат риби – до 40 минути, претпоставува Акоста.

Палеонтологот Дан Сепка,  предупредува дека реконструкцијата на големината на телото по коските на нозете може да се покаже како погрешна, бидејќи пропорциите на телата на древните пингвини доста се разликувале од оние на современите.

- Реклама -