Погледнете што се туристите забораваат по хотелите

Се враќате од одмор и сфаќате дека сте заборавиле нешто во хотелот. Веројатно ова му се случило секому.

Телефони, полначи, фотоапарати, пижами, долна облека – се само дел од предметите на заборавените патници.

Хотелскската послуга во најпознатите летовалишта во светот пронаоѓала секси кукли на дување (подготвени за употреба), штаки, плишани мечиња, вибратори, кондоми, забни протези, златни часовници, самурајски мечеви, пари, венчаница, па дури и стаклено око!

Она што е меѓутоа најбизарно е што некои во хотелска соба заборавил урна со пепел. Не е познато кого „одвел“ на летување, но „тој некој“, можеби посакал засекогаш да остане во хотелска соба…

Кога дошол на аеродром, еден бизнисмен сфатил дека во хотелот ја „заборавил“ својата жена, а друг – својата мајка. Госпоѓите трпеливо чекале „витезите“ да се вратат по нив и да ги одведат дома.

Доколку се уште не сте одлучиле каде на одмор, посетете ја страната на Iguana и внимавајте да не го заборавите на одмор вашиот сакан 🙂

- Реклама -