Рецепт за домашна депилација

Во топлите денови, не е многу едноставно да се пронајде секогаш итен термин за депилација, па многумина посегнуваат по бричот за да се решат од влакната. 

Сепак постои начин да се издепилирате во домот со помош на оваа смеса.

Неопходни производи за смесата:

250 гр шеќер

200 гр мед

лимони

платнени ракавици / памучни марамчиња

Подготовка:

Шеќерот се загрева во сад додека не потемни. Кон смесата се додаваат 200 грама мед и 2 лажици сок од лимон. Отстранете ја смесата од топлина и мешајте додека не се добие жолто-златна боја, со густина на смола. Нанесете ја топлата мешавина на чиста кожа, во насока обратна на растот на влакната. Со помош на платнени ракавици или памучни марамчиња и брзо движење, отстранете ја лентата во насока  на растењето на влакната. По завршувањето на постапката остатоците се отстрануваат многу лесно со помош на топла вода. Отстранувањето со шеќер се препорачува за чувствителна кожа, бидејќи овие природни материи не предизвикуваат иритација на кожата. Бидете внимателни, за да не се изгорите. Ќе ви биде потребно трпение додека не ги совладате движењата. Ќе станувате сè подобри со секој нареден пат. Треба да се почека 24 часа пред да го изложите телото на сонце или да посетите солариум.

 

- Реклама -