Терапијата со риби лекува висок крвен притисок, дијабетес и депресија

За да го подобрат квалитетот на животот на постарите луѓе, во Куба, прибегнуваат кон заздравување на организмот преку риботерапија. Овој вид процедури помага при висок крвен притисок, дијабетес, како и  кај  депресија. Методот се покажал како многу корисен  во домовите за стари лица.

Група кубански геронтолози, психолози и социолози утврдиле дека по сеансите со риботерапијата на болните веќе не им треба активно прифаќање на психофармакологични препарати, а нивото на гликоза во крвта и крвниот притисок  видливо им опаѓа.

Оваа терапија  ги комбинира бојата и движењето на рибите како што се гупи или златни рипки, со звукот на брановите.  Така се подобрува меморијата и подвижноста на зглобовите. Воопшто човек се чувствува подобро кога е во хармонија со животната  средина, тврдат кубанските специјалисти.

Прочитај повеќе: Откриена најголемата тајна на водата

 

- Реклама -