Автомобилот расипан, под хаубата непријатно изненадување!

Џексон Олт запрел за да и помогне на една жена чиј автомобил се расипал. Кога ја отворил хаубата, ги чекало огромно изненадување. Во моторот имало 2-метарски питон, тежок повеќе од 9 килограми.

„Погледна право во мене, промафта со јазикот, и малку се преплашив“, вели услужливиот несреќник за локалните вести на Санта Фе.

Не знаејќи што да прават, Олт и жената ја повикале полицијата, а полицаецот од одделот за контрола на животни бил воодушевен од укажаната можност. Тој објаснил дека младиот питон може да порасне и два пати повеќе, и дека се скрил во моторот за да се стопли.

Иако инцидентот поминал на најдобриот можен начин, Олт вели дека сеуште е несигурен кога треба да отвори хауба на автомобил, па дури ни на својот.

 

- Реклама -