Време е за свадба

„Време ти е да се омажиш!”, „Кога конечно ќе се венчате?” – Нашите најблиски имаат навика да поставуваат слични прашања, независно од тоа дали имаме постојан партнер од пет месеци или од пет години. Кога всушност „ни е време” да се омажиме навистина?

Ви претставуваме десет знаци за девојки, дека е дојден моментот да зачекорите на патот кон олтарот. Во повеќето случаи луѓето ја носат одлуката да се венчаат во моментот кога врската помеѓу нив е во најславна. За тоа сведочат 8 од 10-те знаци диктирани од психолог. Прочитајте ги внимателно – можеби навистина ви е време да се омажите.

1. Наместо “јас” се почесто велите “ние”

Чувството дека сакате да  поминете со вашиот омилен не еден месец, туку цела година или живот. Мислите оптимистички за иднината,ги  правите вашите долгорочни планови и одамна велите “ние” наместо “јас”. И да – пријателките веќе мислат дека сте здодевна бидејќи  наместо да танцувате во диско, вие радо би му подготвиле романтична вечера на својот партнер.

2. Речиси сите ваши пријателки се веќе мажени или се подготвуваат за свадба

Веќе ги знаете сите свадбените церемонии и обичаи, а можете и „на око” да процените каде точно ќе падне невестинскиот букет. Очигледно повеќето  пријателки веќе се мажат и како гостин на свадби  сте ги научиле приближно тарифите на свадбените услуги и примерок листа на идеалните хотели. Мислите дека оваа информација се запечатила  во умот  само така? Не! Можете да не признавате, но потсвесно веќе одамна сонувате да стане невеста, барем според психологот.

3. Тој знае сè за вас … или речиси сè

Вие ги споделувате со партнерот сите ваши емоции и болка, а тој ве слуша внимателно. Тој знае дека имате алергија од кикирики, кој ви е омилен актер и од каде ви се белезите на нозете.

4. Постојано комуницирате

Пораките на  социјалните мрежи, разговори во скајпот и бескрајни приказни по телефон … се советувате со својот сакан за апсолутно сè, од глобални ексзистенцијални проблеми до изборот на прашок за перење. Сам по себе овој знак може да не покажува дека сакате да се омажи токму за овој човек, но непогрешно покажува дека мислењето на партнерот е важно за вас.

5. Често разговарате со неговите родители

За вас веќе одамна е нешто нормално да одите во текот на викендот да им помогнете на неговите  родители или да поразговарате со неговата мајка.  Можеби затоа што сте сфатиле дека зближувањето со роднините на партнерот не само што ја зајакнува врската, туку   и помага да се разбере подобро омилениот. Освен тоа ако тој ви овозможи да се зближите толку со неговото семејство, најверојатно нема ништо против и вие да станете дел од него наскоро.

6. Интимните  односи ви се  стабилни

Веќе сте искусиле многу нешта во креветот со вашиот партнер, двајцата ги  познавате добро речиси сите параметри и навики на другиот. Затоа тој е свесен дека му ги знаете не  само ерогените зони, туку и слабите места. Стабилниот секс според психолозите е многу важен индикатор за компатибилност – непријатностите, срамот и напнатите односи во интимната сфера можат да ја уништат дури и најубавата врска.

7. Му верувате

Тој задоцнува навечер? Го задржале  на работа. Го бара жена на телефон. Слични нешта  не ви звучат сомнително и не предизвикуваат дури блага љубомора кај вас. Зошто? Бидејќи имате целосна доверба во партнерот. А тоа според психолозите е одлична основа за градење на среќно семејство.

8. Сте биле заедно на одмор

Еднаш-два пати сте биле заедно на одмор или барем на село и ниту едно од патувањата не била засенети од скандали и кавги. Се разбирате добро, ја почитувате приватноста на другиот, ги почитувате се со желбите еден на друг. Без овие нијанси најсреќниот брак е невозможен. Ако веќе сте ја постигнале оваа хармонија едни со други, можеби е време за свадба?

 

9. Вие одговорно ги исполнувате желбите еден за друг

Одењето на гости на бабите, наводнување на зеленчуковата градина на село, надгледување  на станот за време на службено патување, купување на џемпер за таткото на партнерот,  документи – ако успевате да го правите сето ова заедно и без тензии, можеби е време да размислите за свадба

10. Вие сте живееле заедно

Не е важно за колку време – за една недела, додека неговите родители се на одмор, или пак на една година во сместување под кирија. Најважно е да умеете заедно да решавате битни проблеми и околните да ве гледаат безусловно како вљубена двојка.

- Реклама -