Кина стана една од првите земји во светот кои ја признаваат интернет зависноста за клиничко растројство. Од оваа болест најмногу страдаат тинејџерите. Затоа властите пронајдоа „корективни” кампови за млади, а многу од видео игрите се забранети во земјата.
Кинеските родители се обидуваат да им забранат на тинејџерите да седат по цел ден на монитор, но тоа не го решава проблемот. Локалните интернет кафулиња секогаш се полни со гејмери.
Владата гледа на прашањето исклучително сериозно и планира да отвори вкупно 250 кампови, во кои родителите, уморни да набљудуваат како го поминуваат времето нивните деца, ќе можат да ги одведат на лечење. Колку оваа стратегија ќе се покаже ефикасна и што мислат самите тинејџери за сè, засега е рано да се каже.
Во камповите, малку слични на пионерските, живее духот на армијата. Класите се одржуваат од поранешни воени лица. Строга дисциплина, многу вежби и рутински домашни обврски – сето ова, според идеите на авторите, ефикасно ќе ги одвраќа младите Кинези од компјутерите со примамливи интернет содржини.
Незаменлив е разговорот со психологот и строгото придржување на сите агнеди.
Казната за непослушност е не само за сторителот, туку и за целата група.
Казната во кампови за деца кои страдаат од зависност кон компјутерите, при тоа е распределена великодушно.
Носењето на униформа е задолжително во камповите за сите ученици.
Ниту према девојките нема попустливост.
Условите се како во армија.
Понекогаш на учениците им е дозволено да се забавуваат, на пример со музика.
Кампот Qide е образовен центар во Пекинг. Во него младите Кинези кои страдаат од компјутери ја учат, меѓу другото, филозофијата на Конфучие.
Зависноста од компјутерот се смета за едно од менталните нарушувања и некои тинејџери се лекуваат дури со лекови.
Учениците сами се грижат за храна.
По успешното завршување на курсот, секој се простува со останатите и заминува дома.