Путин ги забрани пцовките

Во Русија  официјално стапи  на сила забраната за користење на пцовки во филмовите, театарските претсави и книгите.

Ова значи дека ќе бидат забранети сите филмови кои што содржат пцуење, а книгите во кои се користи непристоен јазик, ќе се прпдаваат со посебно предупредување.

Казната за непочитување на овие прописи е 50.000 рубљи или 1.500 долари за секој поединечен прекршок.

Ниту интернетот нема да биде повеќе слободен простор, со оглед на тоа што полицијата ќе трага по пцовки на Интернет,  со помош на посебен софтвер „swear-bot“ вреден 730.000 долари.

Прочитај повеќе: Пцуењето е у пи*ку ма*ер здраво

- Реклама -