Ако ве прекоруваат дека многу пцуете, сега ги имате британските научници на своја страна.
Тие спроведоа истражување кое покажа дека умереното пцуење е всушност многу добро за здравјето. На испитаниците им била доделена задача да играат агресивни компјутерски игри. Очекувано, имало многу повеќе пцуење од вообичаеното, но се покажало дека таквата реакција е многу добар издувен вентил и здрав механизам за справување со одредени емоции. Сето тоа не прави поцврсти, а дури и поотпорни на болка, велат авторите на студијата.
Научниците од универзитетот Keele во Стафордшир веќе со години се обидуваат да разберат зошто пцуеме и како тоа влијае на нашиот мозок. Затоа, ги замолиле испитаниците, пред играњето, да се сетат на што повеќе пцовки. По играњето, доброволците морале уште еднаш да го направат истото. Овој пат, бројот на пцовките на кои се досетиле бил значително поголем. Научниците го објаснуваат ова преку тоа што насилството во видео игрите кај нив предизвикало емоции што ги натерале испитаниците повеќе да пцујат.
Истражувањето се надоврзува на еден претходен експеримент на тимот, во кое на две групи испитаници им биле дадени чаши со смрзната вода. На едните им било дозволено слободно да пцујат, додека на другите забрането. Оние „со поган јазик“ издржале подолго држејќи ја студената чаша.