Зошто мажите имаат брадавици?

Кај мажите брадавиците немаат никаква практична примена. Одговорот на прашањето зошто мажите имаат брадавици е во почетокот на развојот на фетусот, тврдат канадските научници.

– Во периодот од осум недели фетусот се уште нема пол, а пред да ги добие машките атрибути, мажот всушност е од женски пол. Неговиот пенис настанува од женскиот клиторис, тврдат научниците.

Тие тврдат дека полот е одреден со самиот чин на оплодување, но машкиот хромозом ипсилон произведува тестостерон дури од шестата недела. Значи во текот на првите недели сите ебриони минуваат низ „женска фаза“ која подразбира развој на репродуктивните органи и брадавиците.

Кога ипсилон хромозом конечно се манифестира, јајниците се спуштаат и ги формираат тестисите. Настануваат и брадавиците, но не доаѓа до формирање на гради.

- Реклама -