Дали лошиот секс е причина за раскинување?

За секого сексот претставува важен дел од врската зар не? Но, што се случува кога ќе пронајдете прекрасен партнер кој ви одговара буквално во се, освен во спалната соба? Дали треба да кренете раце од оваа врска или да се обидете да го спасите вашиот однос?

Секс-еспертот Лу Пагет истражувала колку е хемијата важна за успехот на една врска.

„Кога ќе ја пронајдете личноста со која во потполност се разбирате, но вашите интереси не се поклопуваат во креветот, можеби ќе се обидете да се убедите себеси дека сексот и не е така важен дел од врската. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината. Доколку не ви оди на ова поле, можеби е време за сериозен разговор со партнерот. Отворено кажете му што ви се допаѓа, а што не. Сигурно можете да постигнете некаков компромис. На овој начин е возможно да го подигнете нивото на сексуално задоволство. Обидете се вашите желби на сензуален начин да му ги шепнете на партнерот во текот на сексот“, препорачува Пагет.

- Реклама -