Секс-факти околу Мундијалот

За време на Светското првенство, се случува бум во трговијата со секс.Иако е тешко да се направи точна статистика, има докази дека трговијата со секс бележи раст за време на големите спортски настани. Нелегалните активности, како проституцијата и трговијата со луѓе за секс, исто така се развиваат за време на првенствата, пишува сајтот sunstar.com.

Жените почесто стануваат жртви на сексуално насилство . Дамите се изложени на поголема опасност од мажите за време на светските првенства. Според податоците на Универзитетот Дурам и хуманитарната организација Trust of London причините за ова се неколку: зголемената потрошувачка на алкохол кај мажите, собирање на навивачите на одредени места пред и по натпреварите, како и насилството меѓу толпата.

Мажите купуваат повеќе секс играчки за време на Мундијалот. Обично шопингот на секс играчки е поделен еднакво меѓу мажите и жените, но што се однесува до периодот на фудбалското првенство работите се малку различни. Според компанијата за производство на секс-играчки „Лело” мажите се оние кои што остваруваат  72% од потрошувачката. Веројатно за да ги утешат жените.

Нивото на тестостерон во организмот на фудбалерите е многу високо. Сексуалната активност не го намалува нивото на тестостерон кај мажите. Според некои студии практикувањето на секс го зголемува процентот на тестостерон во организмот на мажот. Ова ги прави фудбалерите поагресивни на теренот.

Вработените во областа на јавното здравје често спроведуваат кампањи за подигање на свеста за сексуално преносливи болести, па дури и делат бесплатни кондоми на навивачите . Кампањата е ефикасна, бидејќи според анкетите за време на минатото Светско првенство во Јужна Африка,  99% од проститутките  користеле кондом за време на сексуалниот чин.

- Реклама -