На пазарот се појави холандски електромобил

Слабо познатата холандска компанија Carice Cars го претстави својот прв електричен модел. Тој се нарекува Carice Mk1, има целосно електричен погон и тежи рекордно ниски 350 килограми.


Инженерите и дизајнерите на малата холандска фирма во својата креација се „послужиле“ со дизајнерски јазик кој силно потсетува на легендарното Porsche 356. Сличностите со германскиот автомобил сепак се само на дизајнот, бидејќи Carice Mk1 користи целосно електричен погон, па согласно тоа се и конструкцијата и елеметите од каросеријата.

Моделот чие производство ќе биде во ограничена серија, ќе се нуди во две варијанти. Послабата располага само со 20 КЅ, кои сепак се доволни за одржување на добра динамика, тврдат од Carice Cars. Помоќната опција располага со 54 КЅ. Од холандската компанија се уште не ги откриваат динамичките карактеристики на моделите, но пак прецизираат дека Carice Mk1 користи „носечка шасија“. Тоа е лесна и едноставна конструкција, која се потпира на централно лоциран `рбет. Во него се сместени батериите со што се постигнува распределба на масите помеѓу двете оски во сооднос 50/50. Производителите ќе пуштат и модификација која ќе може да се управува од 16-годишни возачи. Моќноста кај неа е едвај 5,4 КС.

Отворениот автомобил ќе дебитира на пазарот до крајот на овој месец. Компанијата планира да произведе само 10 примероци, а ако има интерес ќе се зголеми производството. Цените стартуваат од 26.620 евра. Ако работите тргнат, Carice Cars ќе предложи и поскапи верзии. Една од нив ќе користи мотор со внатрешно согорување, кој работи како генератор на електрична енергија. Се планира се дури пуштањето на верзијата со согорливи ќелии, односно водород.




- Реклама -