Разбудете ја лошата девојка во себе

Холивудскиот убавец Бред Пит во едно интервју изјави дека обожува што Анџелина Џоли е злочеста…но само зад затворени врати.

Можеби токму тоа е клучниот елемент за нивната страствена  врска.
Ви откриваме како да постинете хипнотички  – заводлив ефект.

На прв поглед

Мажите се визуелни суштества, затоа играјте на оваа карта, Направете заводлива привремена тетоважа на грбот, високо на колковите и слично. Овие визуелни стимуланси ќе го покренат она „Морам да те имам веднаш“, во нивниот мозок.

Бидете (малку) агресивни

Турнете го кон ѕидот, врзете му ги рацете со марама. Стравот и возбудата се регистрираат во истиот дел од неговиот мозок, па тоа ќе разбуди голема желба за секс.

Шокирајте го

Изведете нов потег поради кој што тој ќе ве праша од каде го научивте, но максимално ќе ужива. Новитетите го зголемуваат возбудувањето, особено ако сте во долга врска.

- Реклама -