Заради некоја бизарна причина, 13-те жени подолу сѐ уште добиваат трачарско внимание од страна на медиумите. Прашањето е зошто се случува ова кога поголемиот дел од популацијата во светот попрво би ги задавиле отколку уште еднаш да им ги прочитаат/слушнат имињата.
Заради некоја бизарна причина, 13-те жени подолу сѐ уште добиваат трачарско внимание од страна на медиумите. Прашањето е зошто се случува ова кога поголемиот дел од популацијата во светот попрво би ги задавиле отколку уште еднаш да им ги прочитаат/слушнат имињата.
Најзагрижувачки (особено кај родителите) е фактот дека многу тинејџерки, посебно тие што се збунети, несигурни па дури и глупави, ги сметаат за идоли овие поп икони и полека ги абсорбираат нивните јавни однесувања како свои. Освен тоа, тие почнуваат да се облекуваат како нив и да се однесуваат арогантно. Зачудувачки е како голем дел луѓе ги сметаат за најубави и префинети само затоа што медиумот им го засадил тоа во глава. Ви претставуваме 13 славни жени кои најмногу иритираат:
Лејди Гага
Иако можеме да кажеме за Гага дека е талентирана пијанистка и пејачка и поголемиот дел од светот ја сака (како и нејзините песни), не можеме да го занемариме нејзиниот чуден стил. Објективно гледано, нејзините песни се крајно дебилни и затупувачки, нејзиниот изглед е просечен, иако пее дека е најубава. Нејзиниот вкус за мода е повеќе одвратен одколку што е чуден и уникатен. Но сепак, овие факти се занемарливи само поради нејзината способност да се пробие и промовира на свој посебен начин.
Парис Хилтон
Поголемиот дел од светот сѐ уште не може да го сфати феноменот наречен Парис Хилтон. Таа е позната затоа што е позната. Никој не може да каже дека ја сака и дека таа прави нешто продуктивно со нејзиниoт живот или “кариера”. Но сепак таа е тука, присутна на секој можен медиум, обидувајќи се да ја продаде нејзината убавина, глас, способност за глума… И сето тоа само затоа што ѝ паднала секирата во медот, не дека навистина ги поседува. Очигледно со толку многу пари сè може да се купи.
Линзи Лохан
Оваа слатка, пегава девојка која е производ на темната одаја на Дизни, брзо ја лансираше својата кариера откако ѝ завршија невините детски денови. Но подеднакво брзо колку што се издигна, толку брзо и се заринка во алкохол, кокаин и кој знае што уште не. Во краен случај, треба да ја гледаме како пример за човек кој не знае да ги искористи својата слава и своите пари.
Кристен Стјуарт
Кога еден папараци еднаш се доближи да ја слика Кристен, таа нагло изреагира како сексуално да ја нападнал. Што кажува ова за неа? Оваа мелодраматична, мизерна актерка собра слава и милиони фанови само поради Самрак, додека таа самата негативно го критикува филмот дека не вредел. Можеби малку се преценува, небаре заслужува некоја подобра улога.
Викторија Бекам
Најиритирачката работа кај Викторија е нејзината константно присутна намуртеност. Таа се издигна и стана позната како една од девојките на Спајс Грлс која нема никаков музички слух. И кога се распаднаа, беше очекувано дека Викторија ќе пропадне во заборав засекогаш. Но тогаш го пронајде својот принц на бел коњ кој веднаш ја внесе во онаа британска снобска елита. Сега таа има сè и може да прави што сака (како своја модна линија).
Тори Спелинг
Кога ќе отворите некое списание и ќе го видите името Тори Спелинг како наслов, најверојатно прво нешто што помислувате е “Зошто сѐ уште читам за Тори? Зарем не умре заедно со Беверли Хилс пред преку 10 години?” Тори е од оние славни личности кои продаваат фамилијарни драми по списанија, како и нејзините деца по реални емисии. Само уште едно мало богато девојче кое има среќа да е ќерка на познатиот телевизиски могул Арон Спелинг. Таа си ја доби својата најголема улога преку класичен непотизам.
Бритни Спирс
Бритни ја почна својата кариера како класичен сон и најголема фантазија на секое машко, само за да се претвори во излудена простачка. Не беше нејзиниот убав глас или нејзините интересни песни што ја прославија, туку нејзиното тело. Тоа се покажа како факт откако почна да јаде без престан само за да се здебели и да изгуби сè. Нејзиниот обид за враќање на сцената не е видно успешен затоа што се обидува да го продаде своето здебелено, остарено тело.
Сара-Џесика Паркер
Прашањето овде е кого да обвиниме за светскиот заговор кој има за цел да нѐ убеди дека Сара е убава и згодна жена? Таа продава козметички производи како шминка и шампони преку својата слава која ја стекна поради „Сексот и градот“. Оваа серија ѝ ја донесе титулата модна икона. Но, ако размислиме поубаво, ќе сфатиме дека цела таа облека што таа ја носи е всушност план на луѓето што го снимаат „Сексот и градот“, само за да ја портретира познатата Кери Бредшо. Ништо ново и креативно од страна на Сара.
Кетрин Хејгл
Оваа просечна актерка има изградено прилично богата телевизиска и филмска кариера. Но како што изгледа, Кетрин е склона кон саботирање на оваа кариера со зборување лошо за познатите холивудски глумци Сет Роган и Џуд Апатов и јавно критикување на сценариото на „Вовед во анатомија“, шоуто што ѝ донесе милиони фанови.
Хајди Монтаг
Како модерен Франкенштајн, без човечкиот мозок, Хајди почна како слатка и помалку чудна девојка која беше успешна во реално шоу и се претвори во кошмар. Дури и со нејзините огромни гради, мал нос и комплетно реконструирано лице, таа сѐ уште изгледа чудно.
Аврил Лавињ
Во блиска иднина, најверојатно ако го отворите вашиот пребарувач и ги внесете зборовите “poser”, “fake” или “phony”, ќе има големи шанси да добиете слика од Аврил. Нејзината страшна иритирачка појава е присутна уште од самиот почеток на нејзината кариера, која за чудо сѐ уште успева да ја одржи, иако немала ниту еден хит скоро 10 години. За да преживее, MTV ѝ даде некаков одвратен имиџ на розева панк принцеза (иако не ни знаеше кои се Секс Пистолс) со што ја отпеа песната “Sk8er Boi”, песна на која дури и спелингот извади од кожа многу луѓе.
Меган Фокс
Меган Фокс е неспоредливо секси. Но покрај нејзиното тело, очигледно е дека оваа актерка е тежок антиталент и комплетен морон. Толку многу што во овој случај ни нејзината убавина не може да ѝ ја извади филмската кариера. Оваа размазена актерка беше исфрлена од најновиот „Трансформери“ од страна на режисерот затоа што го споредила со најголемиот манијак на 20-от век, Адолф Хитлер.
Кеша
Оваа нова ѕвезда на музичката сцена успешно го крена стандардот на иритирачка глупавост. Тaа успеа да го постигне тоа со нејзиниот неверојатен хит Тик Ток, особено со текстот на песната. После таква песна навистина и не е важно дали таа сама си ги пишува текстовите. Едноставно кажано, Кеша е уште една проста разгалена пејачка која цело време ја држи косата падната на нејзиното лице само за да не можеме да видиме дека изгледа како неатрактивен тинејџер.
Кој е вашиот “фаворит”? Кој ве иритира вас највеќе? Оставете мислење.