13+ јасни знаци дека си вештерка

salem631.jpg__800x600_q85_crop[1]

Меѓу февруари 1692 и мај 1693, во Салем, колонијален Масачусетс, се одржаа неколку судења на вештерки. Осомничени беа околу 150 луѓе, а егзекутирани 20 – од кои 14 жени. Сите освен една, со бесење. Пет други, вклучително и две бебиња, умреа во затвор.

„Маѓепсаноста“ на жителите на ова мало село долго се припишувала на хистеријата или халуциногениот леб (наводно зафатен од халуциногени габи), но новите докази откриваат дека во Салем, по некоја чудна „случајност“, сите обвинети биле од источниот дел на селото, а сите тужители – од западниот. Мештаните од брдата на западот – кои се собирале во пуританската куќа, ги оптужувале жителите на побогатиот источен дел – кои се залагале за смена на свештеникот кој ја водел куќата.

Се разбира, цврсти докази дека некој бил вештерка не постоеле, па во целата лакрдија сведочеле и деца (со богата фантазија). Докази не постоеле ниту за црна магија или некакво волшебништво, па во Салем се следеле некои „основни правила“ за препознавање на вештерките.

1. Жена си.

Уште од среден век, „женскиот аспект“ е поврзан со вештерките. Историјата е преполна со докази дека илјадници години луѓето верувале дека жените се повеќе склони кон гревот од мажите, а грешникот во вакви ситуации, јасно, се сметале за поддржувачи и помошници на ѓаволот.

2. Сиромашна си, не можеш сама да се издржуваш.

Сиромашните, бездомните и оние кои биле приморани да се потпираат  на заедницата за помош, често биле обвинети како вештерки. Пример е Сара Гуд, обесена во 1692 година, обвинета дека е вештерка затоа што лутала од куќа до куќа, молејќи за храна.

3. Богата си, можеш сама да се издржуваш.

Ако сте возрасна жена и можете финансиски да се издржувате без помош од маж, веројатно сте вештерка. Секој показател дека некоја жена може да живее без помош или надзор од маж предизвикувал узбуна. Тогаш таквата жена обично почнувале да ја изолираат од заедницата, а на крајот ја апселе и воделе пред суд. Меѓу 1620 и 1725 година, богатите жени без мажи, браќа и синови, во страв да не бидат обвинети, во многу случаи го раздавале своето богатство и го напуштале Салем.

4. Имаш една или повеќе пријателки.

Секоја собиранка на жени, без надзор и друштво на мажи, бил јасен знак дека се работи за состанок на кој се обожува Ѓаволот.

5. Си учествувала во кавга.

Важно нешто да се запамети е тоа дека во Салем било кој можел да обвини било кого. И така и правеле. Не морало некој да ве види додека летате на метла за да ве посочи како вештерка, доволно било со некој да се замерите.

6. Многу си стара или млада.

Постарите жени, мажени и немажени, биле особено ранливи на обвиненијата. Ребеке Нурс – 70-годишна инвалидка, била обвинета од комшијата со кој често се карала. Во 71-та година од животот прогласена е за вештерка, и со тоа станува најстарата погубена жртва во ловот на вештерки во Салем. Од друга страна, Дороти Гуд имала само 4 години кога признала дека е вештерка (истовремено обвинувајќи ја својата мајка, која е обесена во 1692 година). Дороти поминала 9 месеци во затвор.

7. Помагаш на жена при породување.

Писателот Џоел Саутерн пишува дека во 17-от век црквата се плашела од бабици заради нивното „тајно“ познавање на билките, независноста и паганските влијанија. Редовно ја понижувала и демонизирала нивната професија, сметајќи ја за нечиста. Ако сте биле бабица, шансите дека ќе ве обвинат дека сте вештерка значително се зголемувале.

8. Имаш премногу или премалку деца.

Ако имате многу деца, вашата матка е под влијание на магија. Ако имате едно или немате дете – Ѓаволот ја проколнал вашата матка.

9. Се однесуваш тврдоглаво и борбено.

На судењето на Рејчел Клинтон, нејзините обвинители пред судот го изнеле следново: „Зар не покажа карактер на огорчена, наметлива, ‘захтевна’ жена – накратко, карактер на вештерка? Зарем не пцуеше, не се закануваше и не се бореше?“

10. Имаш младеж.

Младежите многу лесно се тумачеле како знак на ѓаволот. Младежите исто така биле местото каде што обично кучето, мачката или змијата „се приклучува“ на вештерката за да ѝ пие од крвта. Обвинетите жени, во недостаток од други докази, често ги соблекувале и го пребарувале нивното тело. Кога ќе нашле младеж, тоа било „А-ХА! ЕТЕ ГО!“ моментот кога жената била прогласувана за вештерка.

11. Дома имаш расипан путер или млеко.

Во неколку изјави за време на судењата во Салем, спомнати се расипани млечни производи, потоа доведени во поврзаност со вештерачење.

12. Имаш вонбрачен партнер.

Во 1651 година, Алис Лејк е обвинета дека е вештерка зашто имала вонбрачен сексуален однос, и притоа останала трудна. Алис на крајот признала дека „преку овој грев, соработувала со Ѓаволот“. Истата година ја обесиле.

13. Било кое од наведеното:

  • Си извршила прељуба
  • Си наведувала луѓе на други богови
  • Си била силувана (не ако си силувал/а)
  • Си посадила повеќе од еден вид семиња во полето
  • Си допрела мртва свиња
  • Си носела облека од повеќе видови ткаенина
  • Си имала „округла“ фризура
  • Си имала плетенки
  • Ако при средба со вештерка, си ја оставила да живее т.е. не си ја утепала
- Реклама -