Како да станете милионер до 30-тата година

Збогатувањето и станувањето на милионер е табу-тема.

Велењето дека тоа може да биде направено до 30-тата година се чини како фантазија.

Тоа не треба да биде таму тема и тоа е можно. Грант Кардон на возраст од 21 година го напуштил колеџот, банкнотирал и паднал во долгови, а до својата 30-та година веќе бил милионер.
Ова се неговите 10 чекори кои гарантираат дека ќе станете милионер до вашите триесетти.

1. Следете ги парите. Со денешната економија не можете да заштедите додека не станете милионер. Првиот чекор е фокусирањето на зголемувањето на вашите приходи во пораст и во повторување на тоа. Мојот приход беше 3,000 долари месечно и девет години подоцна беше 20,000 долари. Почнете да ги следите парите и тоа ќе ве принуди да ги контролирате приходите и да ги видите можностите.

2. Не се покажувајте- појавете се! Не го купив мојот прв луксузен часовник или автомобил додека мојот бизнис и инвестиции не произведуваа повеќе сигурни текови на приходи. Сеуште возев Toyota Camry кога станав милионер. Бидете препознатлив по својата работна етика, а не според ситните орнаменти кои ги купувате.

3. Заштедете за да инвестирате, не штедете за да штедете. Единствената причина да штедите пари е да ги инвестирате. Ставете ги вашите заштедени пари во безнедна, недопирлива сметка. Никогаш не ги користите овие пари за ништо, дури и за итни случаеви. Ова ќе ве натера да го следите чекор еден (зголемување на приходот). До ден денес, барем два пати годишно, јас сум шворц затоа што секогаш инвестирам во вложувања до кои не можам пристапам.

4. Избегнувајте кредити кои не се исплаќаат. Направете си правило дека никогаш нема да користите кредит кој нема да ви направи пари. Јас позајмив пари за кола само затоа што знаев дека ќе може да го зголеми мојот приход. Богатите луѓе го користат кредитот за да ги зголемат своите инвестиции и да го зголемат дотокот на пари. Сиромашните луѓе го користат кредитот за да купат работи кои ќе ги направат богатите луѓе уште побогати.

5. Третирајте ги парите како љубоморен љубовник. Милиони имаат желба за финансиска слобода, но само оние кои го прават тоа приоритет успеваат да направат милиони. За да се збогатиш и да останеш богат ќе мора да го направите тоа приоритет. Парите се како љубоморен љубовник. Игнорирај го и тој ќе те игнорира, или полошо, ќе те напушти за некој кој го направил приоритет.

6. Парите не спијат. Парите не знаат за часовници, распоред или празници, а ни вие не треба. Парите ги сакаат луѓето кои имаат одлична работна етика. Кога имав 26 години, бев во трговија и продавницата во која работев затвораше во 7 навечер. Повеќето од времето ќе можевте да ме најдете и во 11 навечер правејќи екстра продажба. Никогаш не се обидувајте да бидете најпаметниот или најсреќното лице- само бидете сигурни дека ќе ги надработите сите.

7. Сиромаштијата не прави никаква смисла. Сум бил сиромашен, и тоа е добро. Имав и баш таман пари и тоа е речиси лошо како сиромаштијата. Елиминирајте ги сите идеи дека да се биде сиромашен е на некој начин океј. Бил Гејтс рекол: „Ако сте родени сиромашни, тоа не е ваша грешка. Но, ако умрете сиромашен, тоа е ваша грешка.“

8. Имајте ментор милионер. Повеќето од нас се израснати во средна или сиромашна класа и потоа се држиме себеси до тие ограничувања и идеите на таа група. Ги имам изучувано милионерите за да го копирам тоа што го направиле. Имајте свој личен милионер ментор од кого ќе учите. Повеќето богати луѓе се екстремно дарежливи со нивното знаење и нивните ресурси.

9. Оставете парите да го прават тешкото наместо вас. Инвестирањето во „Светиот грал“ во станување на милионер би требало да ви направи повеќе пари отколку што работите. Ако немате вишок пари нема да правите инвестиции. Втората компанија која ја започнав бараше 50,000 долари инвестиција. Компанијата ми ги има вратено тие 50,000 долари секој месец во последниве 10 години. Мојата трета инвестиција беше во недвижнини, каде започнав со 350,000 долари, голем дел од мојата нето вредност во тоа време. Сè уште го поседувам тој имот и продолжува да ми обезбедува приход. Инвестирањето е единствената причина да се направат другите чекори, и вашите пари мора да работат за вас.

10. Целите кон 10 милиони, не 1 милион. Најголемата финансиска грешка која сум ја направил е размислувањето и целењето не доволно високо. Ве охрабрувам да целите повеќе од 1 милион. Не постои недостиг на пари на оваа планета, само недостаток на луѓе кои не размислуваат доволно големо.

Применете ги овие 10 чекори и тие ќе ве направат богат. Избегнувајте ги луѓето кои укжуваат дека вашите финансиски соништа се родени од алчност. Избегнете ги и шемите за брзо збогатување, бидете етични, никогаш не се откажувајте, и кога ќе успеете, помогнете им на другите да го направат истото.

- Реклама -