Овие 44 растрчани џуџести кози ќе ви го разубават денот

Иако постојат многу луѓе кои сметаат дека животот на село знае да биде навистина здодевен, сепак, постојат и онакви кои ќе ве убедат во спротивното.

Младите фармери кои работат во млекарата Sunflower во Мејн, и тоа како се забавуваат при дружењето со 44-те нигериски џуџести кози.

Имено, едно од нивните задолженија е и да ги растрчаат малите животинки при крајот на денот. Иако козите речиси никогаш не се вброени во листите на симпатични и мили животни, сепак, видеото во продолжение ги руши ваквите стереотипи.

- Реклама -