Еве зошто целиот свет го сака Новак Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Иако Новак Ѓоковиќ е најуспешниот тенисер од Србија на сите времиња, тој не дозволува сè да му биде сведено на работа и одрекување, и често се одлучува за кратки изведби, и надвор од терен.
Пред неколку дена сите ги воодушеви со изведба на стриптиз на теренот откога некој од публиката извикал: „Кога ќе ги менувате маиците?“

Никако не треба да го заборавиме клипот со повеќе од 8 милиони погледи на YouTube, кога Новак седи со момче-помошник и го држи чадорот и пијат сок…

Ѓоковиќ на турнирот во Париз пред две години се појави со маска од познатиот негативец од филмот „Војна на ѕвездите“, Дарт Вејдер.

Иако Вимболдон се смета за еден од најстарите и најсериозните турнири, Ѓоковиќ и таму успеа да се пошегува со публиката. Тој извадил палка за голф, со која имал намера да излезе на терен и да го игра мечот.

Соблекувалните се обично место каде тенисерите се релаксираат и се подготвуваат за натпреварот, но не и Ѓоковиќ.

Покрај тениската кариера, Новак може да работи и како модел, а тоа го докажа на ревијата за долна облека, каде го привлече целото внимание.

Новинарите обично го сакаат Новак, но од време на време, тој сака и со нив да се пошегува. Погледнете како:

Ѓоковиќ е исто така и страстен танчер, кое го покажал во повеќе прилики.

Покрај одличните тениски вештини, Ѓоковиќ дефинитивно е познат и по имитирањето на своите колеги. Најомилените имитации му се на Надал и Марија Шарпова.

И додека неговите колеги снимаат реклами за Ролекс и други големи компании, рекламите со Ѓоковиќ се многу посмешни и подобри.

За крај, да се потсетиме на неговите почетоци, кога на Ролан Гарос ги покажа своите вокални способности.

- Реклама -