Атлетичарка падна додека трчаше, а потоа вчудоневиди со својата реалкција

Атлетичарката Хедер Дорниден водеше на трката на 600 метри на првенството во Минесота, кога на само 200 метри пред самиот крај, падна.

Останатите натпреварувачки претрчаа преку неа и го продолжија својот пат према целта, искористувајќи ја укажаната можност за предност. Една од нив дури и ја „удрила“ со своето стапало главата на Хедер.

Сепак, таа наместо да се откаже, веднаш стана, и продолжи да трча со надеж дека ќе ги стигне останатите девојки кои беа пред неа повеќе од 30 метри. И за некое чудо, таа даде се од себе, и трчајќи се побрзо и побрзо, на крајот победи.

- Реклама -