ФИФА стартува нова социјалната мрежа за Светското првенство во Бразил

Меѓународната фудбалска федерација FIFA го објави стартувањето на нова услуга наречена „Глобален стадион“ (“Global Stadium”), која ќе има за цел на љубителите на фудбалот да им претстави можност да следење на Светското првенство и размена на информации сврзани со натпреварите.На сајтот на ФИФА се вели дека „Глобал стадион” ќе работи за време на секој од натпреварите на претстојното светско првенство. Услугата на навивачите ќе им овозможи да комуницираат со фудбалерите и тренерите, како и со други фанови од целиот свет.

http://www.fifa.com/newscentre/social/index.html
Учесниците ќе имаат можност да освојат топката со која е направен првиот удар на конкретниот натпревар. Освен тоа, навивачите ќе можат да гласаат за најдобриот, според нив, играч во конкретната средба.

Ве потсетуваме дека во пресрет на стартот на Светското првенство во фудбал во Бразил во јужноамериканската земја беа организирани штрајкови против одржувањето на турнирот. Светското првенство во фудбал ќе биде отворено на 12 јуни и ќе се одржи во осум градови во земјата.

Новата социјална мрежа за навивачите ќе бидат достапна овде.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -