Home Астал Денеска е светскиот ден на хамбургерот

Денеска е светскиот ден на хамбургерот

0

Светскиот ден на хамбургерот се слави секоја година на 28-ми мај. Од каде  потекнува? Нашироко познат е фактот дека ова е омилената храна на Американците. Вистината е дека името потекнува од Хамбург, град во северна Германија. Германците, кои емигрирале во САД, го мелеле месото, за да го направат помеко. Долго време ова јадење се нарекувало  „хамбурско месо” и дури подоцна било сменето во “хамбургер”.

Од своето прво појавување во почетокот на 1880 година и до денес, тие се послужени и подготвуваат по безброј начини. Плескавицата се приспособува брзо на секое место во светот.

Рекордни  факти:

Во просек, Американците јадат по три хамбургери неделно и околу 14 милијарди хамбургери годишно. Како квантитет, тоа е доволно за да се обиколи Земјата 32 пати.

Најголемата плескавица во светот е приготвена и изедена во 1982 година од околу 10 илјади луѓе.

Најскапата плескавица чини 10 000 долари и е подготвена за годишнината на USocial.net. Парите од нејзината  продажба биле  дадени за добротворни цели. Во состојките имало специјален вид на говедско, тартуфи и била прекриена со 24 – каратно злато.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here