Најлудите нешта откриени на старите тавани

Повеќето луѓе држат стари божиќни  играчки и картони со ѓубре на таванот. Но ѓубрето на еден е богатство за друг! Понекогаш слушаме за луѓе кои откриваат секакви неверојатни работи во валканите шуплини на своите домови. Од друга страна, некои изненадувања се  прилично чудни, па и одвратни.

1. Мамо, тоа мумија ли е?

Александар Кетлар открил мумија на таванот во куќата на баба си. Таа ја купила мумијата како сувенир од патување во Северна Африка во 50-тите.

Откритието на момчето или е вистинско, или е голем фалсификат. Фактот дека мумијата е во саркофаг со хиероглифи зборува многу, но се покажало дека истите биле направени  на машина. Во черепот пак бил откриен врвот на дрвена стрела. Во саркофагот имало маска на смртта и керамичка тегла, во кој Египќаните чувале делови од телото.

Последните вести се дека телото е префрлено во болница во Хамбург за уште истражувања.

Најпознатите неверојатни нешта, откривани на тавани

2. Поранешен дечко

На 8 септември 2012г, мајка на пет деца слушнала звуци од таванот и гребење од нокти. Одлучила да го  испрати својот внук да провери што се случува. Тој налетал на  нејзиниот поранешен дечко, што ја шпионирал. Таа го откачилауште пред 12 години.

Мажот спиел до отвор низ кој ја набљудувал неговата поранешна. Полицијата открила чаши, столче и урина на таванот каде тој престојувал од 2 недели.

Најпознатите неверојатни нешта, откривани на тавани

3. Бесценет стрип

Дејвид Гонзалез си купил куќа во Елбоу Лејк, Минесота за $ 10 100. Откако го разурнал ѕидот, тој го открил светиот грал на стриповите, Action Comics # 1. Технички не бил на таванот, но сепак  близу.

Action Comics # 1 го покажува Супермен за прв пат. Иако овој  не бил одлично сочуван, сепак бил оценет на 3,0, но Гонзалез ја прекршил задната корица, поради што оценката паднала на 1.0.  И покрај сето сепак, стрипот бил продаден  за $ 175 000.

Најпознатите неверојатни нешта, откривани на тавани

4. Непотпишана слика на Ван Гог

Во 2013 година,  непозната слика на Ван Гог била откриена на таванот на куќа во Норвешка. Седела таму со години, зашто ја сметале за фалсификат.

Сликата поминала 100 години во изолација. Во 1991, љубопитните сопственици на сликата се поврзале со музејот во Амстердам, но експертите им рекле дека сликата е фалсификат, зашто недостасувал потпис.

Технологијата меѓутоа се сменила со текот на годините и сега, благодарение на 2 години хемиска анализа, рентгенски снимки и писма кои Ван Гог му ги напишал на својот брат Тео, опишувајќи ја во нив сликата, таа е признаена за автентична.

Најпознатите неверојатни нешта, откривани на тавани

5. Пари

Пред неколку години, Џош Ферит од Јута го купил својот прв дом. Неколку часа подоцна, тој отишол да ја види куќата и почнал да гледа околу секоја соба.

Додека планирал како да ги сортира инструментите во неговата гаража, тој забележал мал панел во таванот од кој што ѕиркало нешто, па решил да провери.  Во темнината, таткото открил кутија за муниција како од Втората светска војна. Отакако доразгледал, нашол уште седум вакви кутии и ја извикал жена му да и ги покаже. Изненадувањето сепак дошло кога се покажало дека во кутиите има 45 $ 000 во големо количество, свиткано во ролни.

Мислејќи како да ги потроши парите за сметките, куќата и поправките, тој се сетил за семејството на починатиот поранешен сопственик и одлучил да им даде пример на своите деца. Ферит му ги вратил сите пари на најстариот син.

Најпознатите неверојатни нешта, откривани на тавани

- Реклама -