Познатите личности се колнат во моќта на водата.
Од Гвинет Палтроу до Џесика Алба па дури и Џенифер Лопез, голем број славни убавици велат дека пиењето на многу вода е една од тајните за убава и здрава кожа.
Новинарката Сабрина Бачаи, која работи за едно списание за здравје, решила да ја тестира оваа теорија. Пиела по три литри вода на ден со цел да види дали тоа ќе ѝ помогне во подобрување во изгледот на кожата.
„На Инстаграм видов една девојка која имаше преубава и здрава кожа и коса. Таа вели дека пиела три литри вода дневно (или осум чаши) и дека во тоа е тајната. Мојата кожа е некако сува, па помислив дека тоа би било добар начин да видам како таа тајна со водата функционира“, рекла Сабрина Бачаи за ABC News.
Пиела по три литри вода дневно во една недела. Рекла дека не променила ништо во својата диета и исхрана и дека продолжила со нормалната рутина на вежбање. Таа додала и дека полесно ѝ било да ја пие таа количина на вода со сламка.
„Се чувствував дека подобро спијам, а приметив и дека кожата ми изгледа подобро“, рекла таа и додала дека се чувствува поздраво и дека изгубила два килограми.
„Од толку многу вода мојот апетит се смали. Често кога чувствуваме глад, само сме жедни“, објаснила таа.
Но, има и една „замка“.
„Користењето на тоалетот. Знам дека тоа е природна работа, но одев во тоалет седум до осум пати за време на работното време. Речиси секој час“, рекла таа.
Исто така, во октомври 42-годишната мајка Сара Смит изјавила за MailOnline дека пиењето на три литри вода на ден за еден месец напавило да изгледа десет години помладо. Разликата е очигледна.