Научниците од универзитетите на Оксофрд, Кембриџ, Харвард, Манчестер и Сари предупредуваат дека намалувањето на времето за спиење доведува до сериозни проблеми со здравјето. Со недостигот на сон научниците го поврзуваат ракот, срцевите заболувања, дијабетесот од тип 2, инфекциите и дебелината.
Внатрешниот часовник во значителна мера ја одредува работата на човечкиот организам. Од неговиот ритам зависат нашите физички сили, брзината на реакција, расположението, па дури веројатноста од срцев удар.
Механизмот на работа на овој часовник води кон нашето еволутивно минато, кога сме покажале активност дење, а сме спиеле навечер. Но, како што објаснуваат научниците, животот во современото деноноќно општество наметнува такви барања,што повеќето луѓе живеат покрај неговиот внатрешен часовник, што доведува до големи последици за здравјето и благосостојбата.
Според Расел Фостер, професор од Оксфорд, денес луѓето спијат со 1-2 часа помалку отколку пред 60 години.
„Ние сме исклучително горди суштества – сметаме дека можеме да промениме четири милијарди години еволуција заедно со фактот дека човештвото се формирало на позадината на циклусите светлина и темнина “, истакнува професорот.
„Современиот човек веројатно е единствениот биолошки вид, кој се обидува да му пакости на времето. Сепак, долготрајната борба против него може да доведе до сериозни проблеми со здравјето. ”
Според професорот ова се однесува на целото општество, а не само до оние кои што работат на смени. Тој забележува исто така дека овој проблем е многу остар за адолесцентите и дека сретнал деца кои вечер пијат , а наутро доаѓаат на себе со помош на три дози енергетски пијалоци.
Запрашајте се: „Доволно ли спијам ? “Ако не можете да се разбудите без будилник, имате утринска зависност од пијалоци со кофеин, значи треба да спиете повеќе.
Други знаци се раздразливост и импулсивност.
Професор Расел Фостер забележува дека луѓето треба да се погледнат себе си и да се обидат барем малку да се совладаат.
Последната чаша кафе или чај треба да се испие не подоцна од 14 часот во денот, бидејќи кофеинот не се прикажува веднаш од организмот.
Не вклучувајте светлина пред спиење. За време на вечерниот капење, во бањата нека има само слабо светло. Не посветувате го вечерното време на активности кои бараат внимание (на пример социјалните мрежи или компјутерски игри).
Оние кои работат на смени, треба редовно да го следат своето здравје, бидејќи таквата работа е поврзана со зголемен ризик, забележува ВВС.