Смартфонот го уништува сонот

Вештачката светлина е една од најголемите причини за ненаспаност во денешно време.Имено, во светлината, која што ја емитуваат телефоните и таблетите, има некаква уште посериозна магија која навистина го уништува нашиот природен циклус на спиење – тоа практично не тера да останеме будни.

Телефоните го  прават тоа затоа што емитуваат светла сина светлина.

„Еден од најдобрите органски џокери со кои располагаме, за да се ориентираме за времето, е светлината. Излегува дека сината светлина конкретно е многу ефикасна во тоа да предскажува кога е утро”, вели научникот Брајан Золтовски.

Навечер има повеќе црвена отколку сина светлина што му дава сигнал на телото да се подготви за спиење. Црвената светлина го прави тоа преку интеракција со фотопигмента меланопсин во мрежницата на очите на луѓето. Овие клетки имаат специфична функција да го регулираат деноноќниот ритам на човекот и немаат однос кон тоа како гледаме. Кога светлината ќе го достигне до овој фотопигмент, тој се менува и овие клетки даваат сигнали на „главниот часовник” на мозокот, кој кажува кога се будиме и кога ни се спие.

Кога го испраќаат тој  сигнал „за будење” навечер, нашиот биолошки часовник се вознемирува. Што е решението за вознемирени биолошки часовник? Имајте дисциплината да вршите разни нешта во вистинско време- јадете кога се јаде, легнувајте си во нормално време и станувајте во нормално време. И, се разбира, избегнувајте ја сината светлина вечер.

- Реклама -