Помлади, послаби и со побели заби

Јагодите се здрава и нискокалорична храна, која ја стимулира работата на црниот дроб и бубрезите, а воедно  го подобрува исфрлањето на течности од организмот.

Овој плод е богат со витамин C, полифеноли и силни антиоксиданси, што ги прави одлично средство против стареење. Тие се богати со калциум и железо, поради што се препорачуваат на адолесценти, деца и бремени жени, како и при менопауза.

Ако сакате да изгубите тежина, јагодите се одличен избор, бидејќи содржат само 30 калории на 100 грама, а во исто време го намалуваат и апетитот.

Покрај тоа, малку луѓе знаат дека јагодите се препорачуваат за белење на забите.  Пресечете  неколку плодови  и допирајте ги  забите со смесата. По пет дена ќе можете да се пофалите со повеќе гламурозна насмевка.

- Реклама -