Пет корисни идеи за мала гаража

Многу луѓе имаат желба да ги користат гаражите не само за заштита  на семејниот автомобил, туку  и за организација на некои предмети и алатки. Проблемот е што  местото не е секогаш доволно. Ви нудиме 5 корисни идеи за мала гаража.

Користете ги максимално ѕидовите

Закачалки, полици, лајсни – сето тоа може да ви заврши добра работа во малата гаража, бидејќи со леснотија ќе ги собере сите ваши  предмети, без да го зафатат местото на автомобилот.

Размислете како да го искористите таванот

Може да звучи чудно, но таванот исто така може да ви помогне за оптимално користење на просторот во малата гаража. На пример, купете држач за велосипеди, кој може да се монтира на таванот.

Другата опција е во горниот дел на ѕидовите, како и целото нивно продолжение, да поставите полици, на кои ќе чувате  кутии со корисни предмети. На овој начин местото подолу останува слободно.

Додади опис

Погодности на магнетната лента

Магнетната лента е совршено решение, ако имате многу алатки и немате толку место за нив во гаражата. Тука можете да ги чувате сите  метални алатки како клешти, клучеви, чекан и слично.

Тајната е во организацијата

Добрата организација секогаш е решение на проблемот со ограничениот простор и тоа правило важи и за мали гаражи. Опремете  се со стаклени тегли со различна големина, за да ги чувате таму поситните работи.

Сите тегли можете да ги наредите на полица на ѕид во гаражата.  Имајте на ум дека начинот на кој што се организираат чантите, чевлите и марамите исто така може да  биде корисен во малата гаража. Разликата е во тоа што  ќе ги замените модните додатоци  со алатки од актовката на домашен мајстор.

Додади опис

Користете оптички трикови

Гаражата е просторија како и секоја друга во домот, затоа и тука важат правилата  при опремувањето и декорот на останатите помали соби. Сликајте ги ѕидовите на гаражата во свежи бои, за да изгледа повеќе пространа . Монтирајте и добро осветлување – светлината исто ги лаже очите дека сте на пошироко место.

- Реклама -