Најчудните барања што хотелите ги добиле од своите гости

Супа од крокодил, када со мед или чоколадо,  испорака на мртов глушец – ова се само дел од најчудните барања  добиени во хотели во светот од нивните клиенти.Тие се собрани од пребарувачот на  хотели Skyscanner.

Според анкетата, спроведена меѓу 400 хотели во 49 земји на интернет страницата catererandhotekeeper.co.uk барањата на гостите не се ограничени на будење наутро или дополнителна покривката. Благодарени на оваа анкета се појавија тврдења како „чаршафите се многу бели”, па дури и „морето е премногу сино”, „сладоледот е премногу ладен” или „кадата е премногу голема”. Клиент побарал да му се направи попуст бидејќи „спиел лошо поради рчењето на својата девојка”.

Меѓу гостите имало и таков што го убедувал менаџерот дека „на кучето не му се допаднал престојот”, па  побарал враќање на парите. Излегува дека клиентите може да бидат незадоволни од тоа дека „келнерот бил премногу убав”, дека „во вегетаријанското мени нема говедо”, дека „хотелот нема поглед кон морето”, кога станува збор за лондонскиот хотел “Мејфер” или за италијански , лоциран на 80 км. од брегот.

Особено импресивна била една жалба на мајката на младоженецот, која била навредена дека не добила соба „за медениот месец на нејзиниот син”.

Прилично изненадувачки за персоналот бил и договорот за испорака на чаша вода на секој час во собата цела ноќ, или на 15 краставици дневно, како и напојување на казанчето со минерална вода или медена када.

Изборот на победници очигледно бил тежок, но дефинитивно меѓу првите се:  „када со млеко со какао”, „16 перници … за еден клиент, „супа од крокодил” и „пилешките копани во порцијата да бидат само од пилиња – десничари“

- Реклама -