Новите возила за 4 % „почисти“

Новите продадени автомобили во Европската унија, се за четири проценти почиста во 2013, во споредба со претходната година, според податоците од Европската агенција за животна средина (EEA). Еко-активисти коментираат дека со резултатите од подобрувањето е малку претерано.

Падот на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите во просек од 127 грама на километар (g/km) значи дека автомобилските производители лесно ја постигнале целта на Европската унија за намалување на емисиите до 130 g/km две години пред крајниот рок – 2015 година. Според заложбите од 2008 година, целта беше првиот правен стандард за CO2 во Европа да биде до 130 (g/km), за кој стручњаците велат дека ќе биде исполнет, но тешко ќе биде „задоволена мерката“ донесена кон крајот на минатата година (по неколку месеци  пазарење), до 95 g/km до 2021 година – најстрогиот стандард за загадување на автомобилите донесен во светот.


Спротивно од Комисијата, „Зелените“ тврдат дека производителите на автомобили користат некои дупки во процедурите за тестирање, за да извадат резултатите од тестовите на своите модели подобри отколку што се во реалноста, за да можат да се декларираат помала потрошувачка на гориво, отколку што е можна во реални услови на возење. Техники како на пример употребата на гуми со високо прилепување или возење по нереално мазна површина ги намалуваат до една третина регистрираните податоци за јаглерод диоксид (CO2).

За 2013 година податоците на ЕАОС покажуваат дека просечните вредности на емисиите на CO2 во ЕУ се 127 g/km, во споредба со 132,2 g/km во 2012 година. Во исто време, сепак постои растечки волумен на сообраќајот, што значи дека почистите автомобили се само дел од решението на проблемот.

- Реклама -