Пет најпожелни делови од машкото тело, за кои жените губат памет

Цврста подлактица со истакнати вени, за жените е неодолива. Таа остава впечаток на силен маж, кој на својата партнерка ќе и овозможи сигурност.
Анкетите и истражувањата по прашањето кои се женските делови што ги обожаваат мажите се неисцрпна тема која ја интригира јавноста најмногу поради стереотипите и нивното соборување. Споротивната ситуација, односно кога жените ги оценуваат машките тела е од големо интересирање како кај жените, така и кај мажите. Најновата анкета ја спроведе магазинот Woman’s Health, а резултатите ја разоткриваат оваа мистерија.

 

 

1. V – линија

Атлетската градба во која е горниот дел од телото нагласен со истакнато силно торзо, се смета за најпосакуваниот дел од телото на мажите. Големите рамења за жените претставуваат симбол на сила и машкост.

2. Вени на рацете

Силната подлактица со истакнати вени за жените е едноставно неодолива. Таа остава впечаток на силен маж, кој на својата партнерка ќе и овозможи сигурност.

3 Широка вилица

Мажите со широко лице и нагласена вилица се „магнет“ за жените. Според нив, доминантните делови од лицето се одраз за машкост, а женскиот интерес за нив научниците го опишуваат како природен нагон.

4. Долга коса

Мажите со долга коса ја одбележуваат историјата, каде косата е карактеристична за моќ и сила кај некогашните кралеви и воини. Во денешно време овој стил најмногу го преферираат рокерите и бајкерите, како и актерите и пејачите. Што повеќе да се каже?!

5. Полни и сочни усни

Сензуалноста на полните усни на жените им е особено примамлива, таков облик ја задоволува потребата на жените за галење и бакнежи.

- Реклама -