Направете паста за избелување заби од 2 состојки

Доколку сакате да ја задржите блескавата насмевка не мора да плаќате скапи третмани. Сега, вашето природно средство за белеење на забите можете да го направите и самите. Во оваа цел главно оружје нека ви биде комбинацијата од сода бикарбона, која делува како пилинг, и лимон, чија киселина ги отстранува дамките од храната и пијалоците.

Потребно ви е:

– 1 лажица сода бикарбона
– 1 лимон (или зелен лимон)
– 1 четка за заби

Подготовка на пастата:

1. Во помала чинија или шолја ставете лажица сода бикарбона

2. Лимонот пресечете го и исцедете го сокот директно на содата

3. Се добро промешајте додека не добиете паста и причекајте да исчезнат меурчињата

4. Пастата нанесете ја на четката, темелно исчеткајте ги забите и добро исплакнете ги со обична, млака вода.

- Реклама -